Skip to main content
Карактеристики НА вода
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОДА
1.Водата е добар растворувач и често се нарекува универзален растворувач. Супстанците кои се раствораат во вода, како на пр. соли, шеќери, киселини, бази и дури и некои гасови, особено кислород, јаглерод диоксид (газирање) се познати како хидрофилични (водо-љубни) материи, додека тие што не се мешаат со вода, на пр. масти и масла се познати како хидрофобни (кои се плашат од вода) материи.
2.Водата е течност која на нормална температура и притисок нема ни вкус ни мирис. Природната боја на водата и мразот има светлосина нијанса, иако во мали количини изгледа безбојна. Мразот, исто така изгледа безбоен, а водните испарувања се невидливи како гас.
3.Во природата, водата се јавува во трите агрегатни состојби и на Земјата може да заземе многу различни форми, како што се водните испарувања и облаците на небото, морската вода и сантите мраз во поларните океани, ледниците и реките во планините и течноста во Земјините водоносни слоеви.
Comments
Post a Comment