Posts

За мене

Image
                                                                   ЗА МЕНЕ Јас се викам Ева Соколовска и имам 12 години.Родена сум на 12/11/2009.Имам и милениче.Се вика Макс.Тој има 6 години и е бел лабрадор.Моите хоби се да цртам,да играм фудбал и да возам скејтборд.Најдобра другарка од прво одделение ми е Нина.Секој ден се дружиме,играме фудбал или се возиме со нашите скејтборди.

Карактеристики НА вода

Image
                                       КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОДА 1. Водата е добар растворувач и често се нарекува универзален растворувач. Супстанците кои се раствораат во вода, како на пр. соли, шеќери, киселини, бази и дури и некои гасови, особено кислород, јаглерод диоксид (газирање) се познати како хидрофилични (водо-љубни) материи, додека тие што не се мешаат со вода, на пр. масти и масла се познати како хидрофобни (кои се плашат од вода) материи. 2. Водата е течност која на нормална температура и притисок нема ни вкус ни мирис. Природната боја на водата и мразот има светлосина нијанса, иако во мали количини изгледа безбојна. Мразот, исто така изгледа безбоен, а водните испарувања се невидливи како гас. 3.Во природата, водата се јавува во трите агрегатни состојби и на Земјата може да заземе многу различни форми, како што се водните испарувања и облаците на небото, морската вода и сан...

Штедење вода Ева Соколовска

Image
                                                            ШТЕДЕЊЕ ВОДА 1.Не ја истурајте водата која што можете да ја искористите за нешто друго За полевање на цвеќиња не е потребна свежа вода, искористете го она што го имате. Наместо да го миете овошјето и зеленчукот под млаз вода, ставете ги продуктите во сад кој што ќе го наполните со вода. На тој начин штедите вода, а остатокот можете да го искористите за полевање на вашите цвеќиња. 2.Затворете ја чешмата за водата Познато е дека за време на туширање се троши помало количество вода, споредено со капењето. Затворајте ја чешмата за вода додека нанесувате шампон или сапун и додека се миете, да не тече залудно.                                                 ...